Софтверски развој

Софтвер што го следи вашиот начин на работа.

Кога табелите, рачниот внес и неповрзаните алатки стануваат пречка, градиме систем што ги поврзува процесите и податоците.

Кога можеме да помогнеме

Кога готовата алатка ве ограничува.

Почнуваме од луѓето што ќе го користат системот: што прават секој ден, каде се губи време и кои информации им недостигаат.

Систем изграден околу вашата работа.

Податоците се на повеќе места

Поврзување на продажба, магацин, финансии и други системи за информациите да се движат без повторен внес.

Процесот има сопствени правила

Интерни апликации, ЕРП и CRM решенија со улоги, одобрувања и извештаи според вашиот начин на работа.

Градите нов дигитален производ

Веб-платформа, SaaS или мобилна апликација со јасен прв опсег и простор за понатамошен развој.

Што добивате

Систем што ги следи вашите правила.

Обемот го одредуваат процесот и системите што веќе постојат. Почнуваме од првата употреблива верзија, а не од целата листа.

Архитектура и план за развој

Мапа на процесите, структура на податоци, интеграции и договорени фази.

Веб и SaaS апликации

Портали, контролни табли, кориснички сметки и функционалности по мерка.

Мобилни и десктоп апликации

Работни алатки за корисници во канцеларија, на терен или на продажно место.

Деловни системи

ЕРП, CRM, документи, улоги и извештаи моделирани околу вашите правила.

Интеграции и автоматизација

API и поврзување со постоечки системи, со обработка на грешки и проверка на податоците.

Подготовка за употреба

Тестирање на договорените текови, поставување, документација и план за одржување.

Каде почнува проблемот

Пет алатки, ниту една целосна слика.

Секоја алатка одговара на едно прашање. Кога прашањето ги засега сите, одговорот се склопува рачно, секој пат одново.

Алатките поединечно не се проблемот. Проблемот е што истата информација се внесува повеќепати и никаде не е целосна.

Од нашата работа

Сметко: поврзани деловни процеси.

Во нашиот ЕРП производ ги поврзуваме продажбите, залихата, документите и финансиските извештаи. Искуство со деловни правила што го применуваме и во развојот по мерка.

Погледнете го производот
Работна табла на сопствениот производ Сметко ERP

Изработка и проверка

Итерации со проверка на вистински случаи.

Заедно ги утврдуваме приоритетите и првата употреблива верзија. Развиваме во итерации, демонстрираме што е завршено и го проверуваме решението со реалните сценарија од вашиот бизнис.

По лансирањето

Одржување и следна фаза.

Ги договараме одржувањето, ажурирањата и следните надградби. Кога е дел од опсегот, го преземаме и поставувањето на инфраструктурата, мониторингот и резервните копии.

Технологии што ги користиме

Изборот го правиме според потребата и постоечкото техничко опкружување.

  • Laravel
  • Nuxt
  • Vue.js
  • React
  • Node.js
  • PostgreSQL
  • Redis
  • Docker

Од нашиот блог

Како размислуваме за ова.

Пишуваме за одлуките што се повторуваат кај повеќе проекти — што функционира, што не и зошто.

Софтверско инженерство

Следниот чекор

Кој процес заслужува подобар систем?

Кажете ни што користите денес, каде се појавува проблемот и што треба да се промени.

Разговарајте со нас