Услуги

Технологија што се вклопува во вашата работа.

Од деловна апликација до поврзани системи и стабилна инфраструктура. Ги планираме дизајнот, развојот и одржувањето како една целина.

Четири области, поврзан пристап

Почнете од тоа што треба да се подобри.

Двоен внес, неповрзани податоци, бавен систем или нов производ. Помагаме да го дефинирате проблемот и да го изберете следниот чекор.

01

Софтверски развој

Систем изграден околу вашата работа.

Деловни апликации, мобилни производи и интеграции што ги поврзуваат луѓето, податоците и процесите.

Веб и мобилни апликации · ЕРП / CRM · API интеграции

02

AI и автоматизација

Помалку повторување. Повеќе завршена работа.

Обработка на документи, интерни асистенти и поврзани работни текови, со јасни правила и човечка контрола.

Документи · Бази на знаење · Автоматизирани процеси

03

Инфраструктура и безбедност

Стабилна основа за секој следен чекор.

Поставување и одржување на апликации, следење на системите, резервни копии и контрола на пристап.

Клауд · Автоматизирано објавување · Мониторинг

04

Веб и eCommerce

Од прва посета до завршена нарачка.

Веб-страници и е-продавници со јасен дизајн, локални плаќања и поврзување со залихата и деловните системи.

Веб-дизајн · WooCommerce · Плаќања и залиха

Од разговор до употреба

Знаете што градиме и зошто.

Опсегот зависи од вашите потреби. Можеме да изградиме ново решение, да поврземе постоечки системи или да ја преземеме нивната техничка надградба и поддршка.

  1. 01

    Го разбираме проблемот

    Ги разгледуваме процесот, корисниците и постоечките системи.

    Јасна цел и приоритети

  2. 02

    Го поставуваме планот

    Ги дефинираме опсегот, интеграциите и фазите на работа.

    Договорена насока и опсег

  3. 03

    Градиме и проверуваме

    Развиваме во итерации и заедно го проверуваме напредокот.

    Работно решение за проверка

  4. 04

    Лансираме и одржуваме

    Го подготвуваме системот за употреба, следење и понатамошен развој.

    Поставување и план за поддршка

Инженерство во пракса

Градиме и одржуваме сопствени производи.

Во Сметко ги поврзуваме деловните документи, залихата, eCommerce и POS. Recepti, Krstozbor и Gradba покажуваат други страни од нашата работа: содржина, интеракции и заедници.

Погледнете ја нашата работа

Следниот чекор

Не мора однапред да го знаете решението.

Опишете како работите денес и каде се појавува проблемот. Заедно ќе ги разгледаме можностите и приоритетите.

Разговарајте со нас