За Ideologix

Го разбираме процесот. Го градиме системот.

Софтверски тим од Македонија што ги поврзува дизајнот, развојот и инфраструктурата. Работиме на решенија по мерка и на сопствени производи.

Кои сме

Партнер за софтверот и работата зад него.

ИДЕОЛОГИКС МЕДИА ДООЕЛ е основана во 2017 година. Од Кичево работиме на деловни апликации, интеграции, автоматизација и инфраструктура за компании во Македонија.

Можеме да го покриеме целиот пат: од структурата на податоците и корисничкото искуство до поставувањето и одржувањето. Кога проектот вклучува веб-присуство или онлајн продажба, ги поврзуваме и дизајнот, каталогот и плаќањата.

Основана компанија
2017
Локација
Кичево, Македонија
Сопствен деловен производ
Сметко

Нашиот пристап

Добрата соработка
се гради со јасни одлуки.

01

Прво го разбираме процесот

Кој ја извршува работата, кои податоци ги користи и каде се појавува проблемот? Одговорите ја одредуваат техничката насока.

02

Работата ја правиме видлива

Договорен опсег, фази и редовни проверки. Така одлуките ги носиме врз основа на тоа што го гледаме во реална употреба.

03

Планираме и по лансирањето

Одржување, интеграции и следни верзии. Од почеток размислуваме како решението ќе се користи и надградува.

Сопствен развој

Одговорност и за
следната верзија.

Ги развиваме и одржуваме Сметко, Recepti, Krstozbor и Gradba. Работата на сопствени производи значи дека ги носиме и одлуките по првото лансирање: нови функционалности, промени во процесите и одржување на инфраструктурата.

Тоа искуство го внесуваме во секој проект, со внимание на решенија што може да се разберат, одржуваат и надградуваат.

Погледнете ја нашата работа

Следниот чекор

Да ја разгледаме вашата идеја.

Новиот проект може да почне со едноставен разговор за тоа како работите денес и што сакате да подобрите.

Разговарајте со нас