Повикот е затворен

Една бесплатна eCommerce продавница за бизнис што заслужува добар почеток

Ќе создадеме лого и визуелен идентитет, ќе изградиме целосна е-продавница, ќе ја поврземе со локално плаќање и ќе ја хостираме една година, без надомест за нашата работа.

Пакет за лансирање

Лого и визуелен идентитет
WooCommerce продавница
Локална платежна интеграција
12 месеци хостинг + 5 email сандачиња

Ideologix работа

0 ден.

Што добива избраниот бизнис

Од прва визуелна насока до активна продавница

Целта е да добиете реален продажен канал, не само празна инсталација или шаблон.

Лого и визуелен идентитет

Три визуелни насоки, една избрана насока, една рунда доработка и финални лого, бои и типографија.

Целосна е-продавница

Брза, мобилна и брендирана продавница со каталог, кошничка, наплата и основни содржински страници.

Увоз на каталог

Нема произволен лимит на производи кога текстовите, цените, залихата и сликите се доставени во употреблива структура.

Локално плаќање

Една интеграција со cPay/CaSys, NLB eCommerce или Halkbank eCommerce, зависно од договорот на избраниот бизнис.

Испорака и аналитика

Стандардни зони/начини на испорака, основна аналитика и техничка SEO основа.

12 месеци управуван хостинг

SSL, резервни копии, мониторинг, безбедносни ажурирања и до пет деловни email сандачиња.

Јасни граници

Што не е вклучено

Овие трошоци и обврски остануваат на избраниот бизнис, за понудата да биде одржлива и фер.

  • Регистрација и обновување на домен
  • Банкарски договори, провизии и трансакциски трошоци
  • Платени теми, додатоци или други лиценци ако станат неопходни
  • Пишување продуктни текстови, фотографирање или рачно средување неструктуриран каталог
  • Прилагодени курирски, ЕРП, POS, сметководствени или други сложени интеграции
  • Маркетинг кампањи, огласување и постојано внесување или менување содржина

Како избираме

Предност за нови и ресурсно ограничени бизниси

Ова не е наградна игра и нема случајно извлекување. Секоја апликација ја разгледуваме според истите фактори.

01

Реална потреба

Предност имаат бизниси што тешко би финансирале професионална продавница без поддршка.

02

Нов или мал бизнис

Гледаме кога е започнат бизнисот, колкав е тимот, приходите и дали сопствениците имаат други воспоставени компании.

03

Подготвеност

Производите, цените, сликите, испораката и одговорното лице треба да бидат подготвени за реално лансирање.

04

Можно влијание

Предност има јасен производ, пазар и објаснување како онлајн продажбата ќе создаде одржлива промена.

Процес

Од апликација до лансирање

01

Апликација

Го опишувате бизнисот, производите, тековната состојба и зошто поддршката ви е важна.

02

Избор

Ги разгледуваме потребата, големината, подготвеноста и влијанието. Избраниот апликант го контактираме во рок од 15 работни дена.

03

Идентитет и подготовка

Избирате визуелна насока и ги доставувате каталогот, деловните информации, доменот и банкарските одобренија.

04

Изработка и лансирање

Продавницата се изработува, тестира и пушта во рок од 6–8 недели откако сите материјали се комплетни.

Најчести прашања

Навистина ли изработката е бесплатна?

Да. За избраниот бизнис не се наплаќаат визуелниот идентитет, изработката, договорената интеграција, лансирањето и првите 12 месеци управуван хостинг. Надворешните трошоци наведени на страницата остануваат на бизнисот.

Дали мора веќе да имам регистрирана фирма?

Може да аплицирате и ако сте пред регистрација. Пред почеток на изработката мора да има регистриран македонски правен субјект, домен и услови за склучување договор со избраната банка или платежен провајдер.

Има ли лимит на бројот на производи?

Нема однапред зададен број. Каталогот мора да биде доставен во договорена структура со точни текстови, цени, залиха, варијации и употребливи слики. Рачно истражување и чистење на податоци не се дел од повикот.

Што се случува по првата година?

Навреме добивате понуда за продолжување на хостингот и одржувањето. Можете да ја прифатите или да побарате целосен извоз на продавницата и податоците, без автоматска наплата.

Како се избира бизнисот?

Не станува збор за случајно извлекување. Одлуката се носи според потребата, возраста и големината на бизнисот, подготвеноста за работа и очекуваното влијание.

Апликациите се затворени

Рокот за аплицирање ќе биде објавен со отворањето на повикот. Сè уште можете да ни пишете за редовна eCommerce понуда.

Побарај понуда